Денот на еколошката акција на младите, Денот на пролетта 21-ви март, наставен ден кој со посебна програма и со бројни активности се одбележа во основните и средното училиште во Крива Паланка. Одбележувањето на овој ден е за зајакнување на еколошката свест кај учениците и за создавање навики за чиста и здрава животна средина.
Учениците го искористија првото пролетно сонце за чистење на училишните дворови и околните улици, а дел од учениците се погрижија за хортикултурно уредување на дворовите засадувајќи цвеќиња и садници.
Оваа акција за чистење и разубавување на животната средина учениците ја изведоа под мотото на претстојната еколошка акција „ОПШТИНА БЕЗ СМЕТ ЗА ПОУБАВ СВЕТ“ или „ЧИСТА НАСЕЛБА-ЧИСТА ОПШТИНА“ која вклучува сеопфатни еколошки активности за подобрување на општата слика на општината со цел вклучување на граѓаните во реонски акции во наредниот период.