Активности по повод Денот на независноста

Општина Крива Паланка по повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија,  во месец септември ќе ги превземе следните активности:

  • Свечено пуштање на тениско игралиште во Крива Паланка.
  • Започнување на реконструкција и доизградба на патен правец Крива Паланка-село Станци во должина од 4,5 км, финансиран од Светска Банка
  • Започнување на патен правец с.Градец-Испосница во должина 1 км асфалт и 950м насипување, финансиран ИПА програмата за прекугранична соработка.
  • Пуштање во употреба на Основно општинско училиште Јоаким Крчовски (Партизан) реконструирано од Европска Делегација од програмата ИПА.
  • Меѓународен  театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ од 15 до 20 септември.
  • Одржување на разни спортски натпревари помеѓу училиштата во oпштина Крива Паланка.
  • Одржување на народен собор во с.Огут на 8 Септември, на кој ќе присуствуваат гости од Трговиште, Р.Србија.

 

Големина на фонт
Контраст