Во текот на вчерашниот ден (недела 24.03.2018г.) во општина Крива Паланка започна големата еколошка акција за читење на смет, насловена како „Општина без смет за поубав свет“ .
Акцијата започна од 9.30 часот, а во неа учествуваа околу стотина граѓани од најразлична возраст, претставници од невладиниот сектор, од граѓанското здружение „Акцијаши“ и волонтери од општинскиот Црвен Крст и извидничкиот одред Н.Н. Борче, претставници на општинската администрација и локалните институции, наставници, професори и ученици, како и планинарите и пензионерите од градот. Акцијата ја организираше и беше координирана од сручните служби од општината во соработка со ЈП Kомуналец .
Градоначалникот Борјанчо Мицевски изрази големо задоволство за големиот одзив и благодарност до присутните за покажаната висока еколошка свест и грижа за животната средина и воедно ги повика граѓаните да се приклучат во наредните еколошки акции кои ќе продолжат да се реализираат според планот во наредните два месеци.
Распоред на активностите на акцијата „Општина без смет за поубав свет“