Второ место за тимот од СОУ „Ѓорче Петров“ на натпреварот RoboMac Junior

Ученикот Андреј Цветковски од IV6 паралелка, електротехничка струка, заедно со неговиот тим го освои второто место на натпреварот RoboMac Junior нa кој учествуваа 40 средношколци од цела Македонија. Натпреварот се одржа од 20 до 22 март во просториите на ФЕИТ, а целта на натпреварот беше да се зголеми интересот за роботика и вештачка интелигенција кај средношколците.

Учесниците имаа можност да слушаат предавања од професори и експерти во оваа област, но и да работат со едукативни роботи и да се натпреваруваат во програмирање и управување на истите.

Големина на фонт
Контраст