Кривопаланечките пингпонгари најуспешни на државното првенство во пинг – понг

На 23 март во Крива Паланка се оддржа државното првенство во пинг – понг за играчи до 18 години. Натпреварите се играа во салата на ООУ Јоаким Крчовски – Партизан, а во организација на Пингпонгарската федерација на Македонија и Пингпонгарскиот клуб Крива Паланка.

Натпреварите се играа во следниве конкуренции: машки поединечно, женски поединечно, машки двојки, женски двојки и за прв пат во оваа категорија се играше и мешани двојки (машко/женско).

И овојпат најуспешни беа кривопаланечките пингпонгари кои освоија најголем број од медалите, посебно во натпреварите во женска конкуренција.

Ана Стојановска од ППК Крива Паланка е државен првак во поединечна конкуренција.

Таа во финалето убедливо ја победи Ива Димитриевска од ППК Скопје Рисови со резултат 4:0, додека во пар со Леонид Гошев од ППК Винспин и со Сара Стојановска од ППК Крива Паланка го освои првото место во мешани двојки односно второто место во женски двојки.

Икслучително добар резултат постигна и младиот Александар Јакимовски кој со само 10 години успеа да го освои за него одличното трето место во поединечна конкуренција и заедно со Антонио Крстевски третото место во конкуренција машки двојки.

Во машка конкуренција убедливо најдобар беше Раиф Рустемовски кој во финалето убедливо со 4:0 го совлада Леонид Гошев.

На првенството присуствуваше и официјално го отвори градоначалникот на општина Крива Паланка Борјанчо Мицевски, додека наградите на најуспешните беа доделени од страна на директорот на ЈП Комуналец, Миле Марковски и претседателот на клубот домаќин Јорданчо Миневски.

 

 

Големина на фонт
Контраст