Градоначалникот Мицевски е новиот претседател на Комисијата за локален економски развој при ЗЕЛС

Градоначалник на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски е новиот претседател на Комисијата за локален економски развој при ЗЕЛС. Така одлучија членовите на ова тело, на конститутивниот состанокот, што се одржа на 25 март, 2019 година.

На конститутивната седница се дискутираше и за законската регулатива која би можела да се разгледува во рамките на оваа Комисија, како и за значењето и задачите на Комисијата и обврските што ги презема претседaтелот на Комисијата по неговиот избор, како што е соработка со внатрешните тела и органи на ЗЕЛС  и претставување на ставовите на Комисијата пред УО на ЗЕЛС и надлежни институции во државата.

 

 

 

Големина на фонт
Контраст