Изготвена Нацрт Стратегијата за млади на општина Крива Паланка 2019-2024

Здружението Центар за  младински иницијативи Цик-Цак од Крива Паланка оддржа завршен настан од проектот „Промоција на младинскиот активизам преку креирање на институциска платформа за младински потреби“.

Овој проект се имплементира како подгрант во рамки на мастер проектот „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени“ спроведен од Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип, Центарот за оддржлив развој Алка од Скопје- ментори на здружението Центар за  младински иницијативи Цик-Цак од Крива Паланка и Здружение Институт за развој на заедниците( ИРЗ), а финасиран од страна на Европската Унија преку ИПА Програмата за поддршка на граѓанското општество и Програмата за медиуми од 2015 година.

Како краен продукт од овој  проект, произлезе драфт верзијата на стратешки документ за младинските потреби и прашања – Нацрт Стартегија за млади на општина Крива Паланка 2019-2024.

-Проектот се реализираше 5 месеци, а во рамки на истиот се спроведе анкетен прашалник помеѓу млади од 15 до 29 години, со кој беа опфатени вкупно 250 анкетирани лица, на теми од вкупно девет обаласти, а воедно  се спроведоа и 4 работилници  за изготвување на нацрт стратегија за млади, како дел од процесот на стратешкото планирање.

Овој  стратешки документ за младите од општината, се изготвуваше во соработка и со учество на релевантните  чинители и целните групи, како и со помош и поддршка на локалната самоуправа на општина Крива Паланка, изјави координаторот на проектот, Димитар Петровски.

Градоначалникот Борјанчо Мицевски вети поддршка во понатамошниот процес на доизработка на финалната верзија на Стратегијата за млади, во насока на рангирање на приоритетите и изработка на приоритетна листа на активности, рокови за нивно реализирање и буџет, како и заедничка соработка и активности во импементацијата на овој стратешки документ.

Во тој контекст ги наброја и низата на конкретни мерки за младите што се реализирани во претходната година, како и мерките, кои во континуитет се спроведуваат од страна на Општината, а се во насока на подобрување на животот на младите во Крива Паланка.

Целата на овој стратешки документ е подобрување и унапредување на  положбата на младите, примената на нивните права и задоволување на младинските потреби, подобрување на квалитетот на животот на младите, како и зацврстување на заложбите на Општина Крива Паланка, младите да станат дел процесите на носење на одлуки на локално ниво.

 

Големина на фонт
Контраст