Еколошка акција во село Мождивњак

Како дел од  еколошката акција „Општина без смет за поубав свет“ отпочнати се активности за отстранување на отпадот во руралната населба Мождивњак. Во изминатите неколку дена од страна на вработените  во  ЈП Комуналец, ангажираните работници од страна на Локалната самоуправа и со учество на поединци од оваа населба,  соберени се и однесени во комуналната депонија околу 50 м3 на разновиден отпад. Се чистеа и повеќегодишните депонии кај м.в. Чешмиче, кај мостот од патот за  м.в. Дубје,   околината на двата моста на  Крива Река,  депонијата пред школото како и покрај патот за село Борово.

Паралено со акцијата за чистење на некои од локациите се поставуваат и контејнери. Акцијата ќе продолжи и во  текот на наредната недела. 

Се  известуваат  жителите на оваа населба дека е забрането понатамошно фрлање на отпад на исчистените локации и дека  несовесните  граѓани ќе бидат санкционирани согласно Законот за јавна чистота и за отпад.

Општина Крива Паланка продолжува со еколошката акција „Општина без смет за поубав свет“  во недела на 31 март во населбите Бегови Бавчи и Лозаново. Ги повикуваме граѓаните и  здруженијата  активно да се вклучат во акцијата.

Големина на фонт
Контраст