Денес во општинската сала за состаноци во Крива Паланка, компанијата Булмак 2016 ДООЕЛ Пробиштип-Подружница рудник „Тораница“ Крива Паланка, оддржа презентација за инвестициони програми за развој на производството и заштита на животната средина.
Од страна на стручните лица од рудник „Тораница“, беа презентирани две големи програми, каде конкретно е опфатен менаџментот на водите и програмата со сите проекти врзани со хидројаловиште и централно одлагалиште за рудничка јаловина, како и планираните инвестициските активности на менаџерскиот тим, а кои се во насока на зачувување на здравата животна средина и исполнувањето на законските регулативи од оваа област, а во насока на навремено решавање на наследените проблеми.
Градоначалникот Борјанчо Мицевски се заблагодари за проактивниот однос и иницијативата за навремно информирање од страна на менаџерскиот тим на рудник „Тораница“ и во оваа прилика изјави:
-Општина Крива Паланка ќе продолжи да работи на унапредувањето и развивањето на меѓусебните партнерските односи со „Тораница“ и ќе настојуваме да изнаоѓаме заеднички најприфатливи решенија и мерки за зачувување на животната средина од една страна и континуиран производствен процес од друга страна, а се во насока на задоволување на заедничките интереси и на оддржување и унапредување на бизнис климата на локално ниво.
Соработка ќе ја подигнеме на највисоко ниво и во еден партнерски однос и заедничка координација со стручните служби од Општина и надлежните лица од „Тораница“, стратешки ќе донесуваме одлуки што ќе бидат од заеднички интерес и на општината и на менаџерскиот тим од „Тораница“.