По повод одбележување на 205 години од издавањето на првата книга од првиот македонски просветител Јоаким Крчовски, од страна на ЛУ Градски музеј и Oпштина Крива Паланка, изготвена е предлог програма за која денес се разговараше.
Програмата ќе се одвива во два дела , на 23 и 24 мај 2019 година, во Крива Паланка.
Програмата предвидува да се направи одбележување на гробното место на Јоаким Крчовски во дворот на црквата „Св. Димитриј“ во Крива Паланка, каде ќе биде уреден партерен простор и ќе биде поставен меморијален зид на важни личности од Крива Паланка, од периодот на народната преродба од 19 век.
Во другиот дел, програмата предвидува оддржување на свечена академија на која што ќе биде промовирана книгата за ликот и делото на Јоаким Крчовски од авторот, проф.д-р. Јордан Михајловски, како и други пропратни активности планирани за 23 мај.
На 24 мај ќе се оддржи свечена божествена литургија и панихида од страна на Митрополит кумановско-осоговски г. д-р. Јосиф, во црквата „Св.Димитриј“ во Крива Паланка.