Општина Крива Паланка продолжи со еколошката акција „Општина без смет за поубав свет“ во недела на 31 март во населбите Бегови Бавчи и Лозаново.
Акцијата започна од 9.30 часот, а во неа учествуваа граѓани од најразлична возраст, претставници на општинската администрација и локалните институции, професори и ученици. Акцијата ја организираше и беше координирана од стручните служби од Општината во соработка со ЈП Kомуналец .
Градоначалникот Борјанчо Мицевски изрази задоволство за одзивот и благодарност до присутните за покажаната еколошка свест и грижа за животната средина и воедно ги повика граѓаните да се приклучат во наредните еколошки акции кои ќе продолжат да се реализираат според планот во наредниот период.
Распоред на активностите на акцијата „Општина без смет за поубав свет“