Првоаприлско дефиле под маски во Крива Паланка

Во организација на Oпштина Крива Паланка, а во соработка со основните училишта  „Јоаким Крчовски“ и „Илинден“ и детската градинка „Детелинка“, денеска се одбележа денот на шегата 1-ви април.

Стотица дечиња, со своите оригинални маски и костими од нивните омилени ликови од цртаните филмови,  продефилираа низ главната улица и централниот градски плоштад, каде се одржа и забава со кловнови, музика, игра и смеа за сите учесници.

На дефилето и забавата, учествуваа и штитениците од Одделението за дневен престој на лица со попреченост,  кои уживаа и се забавуваа  покажувајќи ги своите креациии.

Маскираните дечиња измамија многу насмевки кај сите што ја набљудуваа шарената поворка.

Од името на Oпштина Крива Паланка, секретарот на општината, Љубомир Младенов  додели благодарници и плакета за учество во првоаприлската манифестација, на менторите од  Одделението за дневен престој на лица со попреченост, основните училишта и детската градинката.

 

Големина на фонт
Контраст