Во текот на денешниот ден, од страна на градоначалникот Борјанчо Мицевски и претставници од локалната смоуправа, како и изведувачот на градежните работи, во присуство на директорката од ОЈУДГ „Детелинка“, извршена е контрола на активностите, кои се одвиваат во рамки на реализација на проектот за пренамена, адаптација и проширување на капацитетите на ОЈУДГ „Детелинка“.
Со реализацијата на овој проект ќе се надминат тековните проблеми со недостатокот на капацитети за сместување, за згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст во општина Крива Паланка.