Се реализираше и четвртата реонска еколошка акција „Чиста населба – Чиста Општина“ како дел од големата еколошка акција „Општина без смет за поубав свет“, овој пат во населбите Белево и Грамаѓе.
Во оваа акција се спроведе собирање на отпадот во околината на индустриската зона, м.в „пекља“, околина на „Кам маркет“ , околина на кланица и ЈП „Македонски шуми“, Пелагониски склад и Белевски дол.
Во собирањето на отпадот од јавни површини и од неуредени простори, зедоа учество над 70 учесници и тоа: вработени и ангажирани лица од Локалната самоуправа, здружението „Паланечки акцијаши“, млади еколошки тимови и триесетина доброволни поединци од овие населби, а голем број на граѓани индивидуално зедоа учество со чистење пред своите домови. Јавното претпријатие „Комуналец“ во акцијата се се вклучи со дел од вработените како и со механизација и возила за одвезување на отпадот.
Акцијата ја одбележа една несекојдневна случка, имено во собирањето на сметот се вклучи куче без сопственик, кое собираше отпад заедно со учесниците во акцијата. Ова нешто покажа дека и животните знаат што не треба да и се прави на природата.
Во акцијата се соберени 150 вреќи на отпад, како и отстранети се 30 м3 на градежен шут и разновиден кабаст отпад.
Се собираше и отпадот покрај новиот пат кон манастирот Св. Јоаким Осоговски од каде се соберени 2м3 на отпад.
Ги известуваме граѓаните дека заради претседателските избори и Велигденските празници ќе има тринеделна пауза во спроведување на оваа акција .
Наредната реонска акција ќе се спроведе на 12 мај во реоните на населбите Скрљава и Цонев рид.