Донаторска акција на здружението на пчелари „ПЧЕЛА“

Денес здружението на пчелари „ПЧЕЛА“ од Крива Паланка донираше мед за децата од градинката „Детелинка“ и за штитениците од Одделението за дневен престој на лица со попреченост.

Членовите на здружението „Пчела“ досега немале ваков тип на активност и благодарение на воспоставената успешна соработка со Општина Крива Паланка, започнаа да  развиваат и друг вид на соработката со  локални институции.

Денешното донирање на мед за најмалите и најранливите членови на локалната заедница претставува прв чекор во понатамошните хумани активности на ова здружение, кои се  планира да станат традиција, а воедно и мотивација за останатите здруженија и организации за пружање на помош и поддршка на оние на кои им е најпотребна.

Директорката на детската градинка „Детелинка’’, Мирка Јакимовска и раководителката на Одделението за дневен престој на лица со попреченост, Добринка Давитковска се заблагодарија од името на наставниците и на дечињата и штитениците, и изјавија дека секој вид на донација и помош за нив како институции се од големо значење.

 

Големина на фонт
Контраст