Денес на градскиот стадион во Крива Паланка се оддржа традиционалната пролетна спортска манифестација „Првомајски крос 2019“. Овој традиионален спортски настан е во организација на Општински сојуз на училишен спорт и Општина Крива Паланка, под покровителство на градоначалникот , Борјанчо Мицевски и во соработка со локалната мрежа „Спорт за развој ’’ во координација на здружението ТАКТ од Скопје.
На овој настан учествуваа околу 400 дечиња, основци и средношколци, ученици од основните училишта „Илинден“ и „Јоаким Крчовски“ и средното училиште „Ѓорче Петров“ од четврто одделение до четврта година гимназија.
Учениците трчаа на патеки со различна должина, соодветна на возраста, почнувајќи од 200 до 800 метри.
-Ќе работиме на подобрување на спортотската инфраструктура и дверзификација на спортските активности во општината и во наредниот период заедно со здружението ТАКТ планираме рализација на низа на спортски активности, како и градење на спортски навики особено кај најмладите, омасовување на спортот и негова достапност до сите. Сето ова е само мал чекор кон остварување на крајната цел-развивање на здрав дух и здрав психофизички развој кај младите.
Ви посакувам фер-плеј и успешно натпреварување и нека победат најдобрите и најуспешните натпреварувачи, изјави градоначалникот Мицевски на стартот на оваа спортска манифестација.
Првомајскиот крос беше надополнет со активности од проктот „Спорт за сите’’ кој здруженито ТАКТ го имплемнтира заедно со локланта мрежа „Спорт за развој ’’, а кој финасиски е поддржан од германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ.
Координаторот на проектот „Спорт за сите’’ Магдална Спасовска рече, дека е пресреќна што тука гледа толку многу дечиња на една локација и сите тие го сакаат и го практикуваат спортот.
Во оваа прилика таа се заблагодари на градоначалникот Мицевски за несебичната поддршка и соработка со општина Крива Паланка.
Првопласираните учесници во сите конкуренции освоија дипломи и медаљи, а најдобрите во секоја категорија добија и специјални награди од градоначалникот.