Интензивни активности за санирања на свлечишта и изградба на потпорни стени

Деновиве во општина Крива Паланка интензивно се работи на санирање на свлечишта и изградба на потпорни стени на улиците Баглачка, Никола Тесла, Ратко Минев, Калин Камен и улицата Панче Пешев.

Во моментот се  работи на испитување на носивоста на теренот со правење на бушотини за дефинирање на типот на подлогата и неговата носивост, со што би се определиле видот на конструкцијата на носивите ѕидови и нивното техничко решение,  за изработка на техничка документација за потпорни стени на овие локации.

Истовремено се работи на увид на теренот и испитување на можноста за пробивање на крак од улицата Баглачка и покрај постоечкиот дол до околните стамбени објекти-куќи со што би се овозможил соодветен пристап на месното население до нивните домови.

 

Големина на фонт
Контраст