Во текот на денешниот ден градоначалникот Борјанчо Мицевски беше во обиколка на завршните активности за асфалтирањето на локалниот пат во с. Трново.
Локалниот пат во село Трново е во должина од 500 метри, а се асфалтира кракот кон црквата Св. Никола и селското училиште. Со овие градежни активности што Општина Крива Паланка интензивно ги спороведува на терен, се олеснува пристапот на локалното население до своите приватни домови и имоти, а исто така го олеснува и пристапот до сместувачкиот објект во с.Трново кој е даден на управување на Здружението на воени инвалиди. Ова здружение своите активности ги фокусираше во насока на искористување на природните реткости и убавини и развој на алтрнативните форми на туризам во општина Крива Паланка.
Изведувач на градежните работи за асфалтирање на локални патишта е фирмата „Стоименов“ ДООЕЛ од Кочани.