На 29.09.2011 година во Центарот за учење во ОУД „Боро Менков“ Крива Паланка, за прв пат во нашиот град, се оддржа редовниот состанок на Здружението на директори на ученички и студентски домови од Република Македонија.
Беа пристигнати гости од Кратово, Куманово, Свети Николе, Скопје, Битола, Штип, Македонски Брод, Гостивар, Струга и Охрид.
Во неформалното дружење по состанокот директорите, воспитувачите и останатите гости пристигнати во домот изразија благодарност за топлиот прием на вработените и децата во домот.
Исто така се разменија искуствата од секојдневната практика во домовите, со надеж дека ќе се продлабочи комуникацијата, заедничките активности и ќе се отвори простор за изработка и реализација на заеднички проекти, преку кои ќе се подигне квалитетот на домовите во Македонија на европско ниво.