По повод 5-ти Октомври, Денот на просветните работници, градоначалникот Арсенчо Алексовски упати честитка до училиштата, градинката и домот за ученици во Крива Паланка.
Почитувани,
Чест ми е да Ви го честитам денот на просветните работници 5-ти Октомври и да Ви посакам уште поголем успех и дострели во доменот на Вашето работење.
Со едукација на учениците и Вашата работа, Вие допринесувате учениците да станат полни со знаење и умеење. Вие ги подготвувате и настојувате да бидат спремни за да нашата земја Република Македонија има уште подобри и појаки кадри, кои ќе се вградат во општествените и други збиднувања во Локалната самоуправа и државните органи, кои ќе придонесат таа да биде уште побогата, понапредна и поубава земја, земја за пример на целиот свет.
Со почит,
Општина Крива Паланка
Градоначалник,
Арсенчо Алексовски