Петтата реонска еколошка акција „Општина без смет за поубав свет“ односно Чиста населба – Чиста општина овој викенд успешно се реализираше во населбите Скрљава и Цонев рид.
Во акцијата зедоа учество над 70 учесници од различни возрасти. Се собираше отпадот покрај улиците во овие населби, во регулационото корито на Скрњавски дол, потоа од околината на игралиштата, од просторот на „Болничка ливада“, околината на контејнерите односно речиси секаде каде имаше разновиден комунален отпад. Вработени од Локалната самоуправа и од ЈП Комуналец и овој пат масовно се вклучија во акцијата.
Од страна на ЈП Комуналец со механизација се чистеше со години акумулираниот материјал во долниот дел од регулационото корито на Скљавски дол.
Во акцијата зедоа учество и голем број на граѓани од овие населби од кои дел се вклучија во чистењето на јавните површини, а дел ја чистеа непосредната околина пред своите домови. Вкупно во акцијата се соберени 15 м3 на отпад.
Останува на граѓаните понатаму да ги чуваат исчистените површини и простори чисти односно да го фрлаат отпадот само во садовите за отпад.