Во текот на изминатиов период, а по завршетокот на зимата и подобрувањето на временските услови, Општина Крива Паланка имаше значителни активности на одржување на земјаните патишта во атарот на повеќе села и тоа: Луке, Подржи Коњ, Осиче, Дубровница, Нерав, Огут, Метежево, Конопница и др.
Притоа беше извршено порамнување, проширување, делумно одводнување и делумно насипување на земјаните коловози, како и одстранување на околната вегетација. За изведување на активностите беше користена градежна механизација на економските оператори со кои Oпштината има склучено договори како скип, булдожер и камиони.
Активностите за тековно одржување се предвидени со Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалната патна мрежа во Општина Крива Паланка за 2019 година.
Во зависност од временските услови и во натамошниот период ќе се работи на санација и подобрување на условите за одвивање на сообраќајот по земјаните патишта и во други села и приградски населби согласно програмата.