Во општина Крива Паланка се реализираше настан на тема „Работи и заработувај од дома”, на кој беа презентирани можности на креативни професии и можности за работа од дома, Upwork- платформата и алатките на креативните софтвери Photoshop и Illustrator.
На овој настан учествуваа средношколци, невработени лица како и останати заинтересирани граѓани кои имаа можност да проследат презентација за атрактивноста на креативните професии од Ангелина Канчевска, раководител на авторизиран Adobe тренинг центар и на Семос академија за дизајн и презентација за дизајн и креативни алатки и Upwork-платформата за што говореше Бобан Крстев, сертифициран Adobe инструктор.
Овој отворен ден, што општина Крива Паланка го организираше, е само почеток во серијата настани за можностите за заработка од дома, кои одблиску ќе им бидат презентирани на младите, а што ќе се се реализираат во струка, која ќе им овозможи да се изразат креативно и притоа да останат во средината во која живеат.
За Семос едукација ова е прва ваква соработка со општина Крива Паланка и Фондацијата „Со срце за Крива Паланка” со која се отворија можности за идна соработка со цел, развој и унапредување на условите за подобар живот на младите генерации, отварање на нови перспективи за развој на заедницата и создавање иднини генерации млади луѓе, кои ќе сакаат својот потенцијал и креативност да го реализираат во родниот крај.