Денес во општина Крива Паланка се оддржа јавен настан на тема ,,Париципативно буџетирање во општините“, како дел од проектот ,,Мои пари, моја одговорност-Партиципативно буџетирање во општините во Македонија”, подрржан од УСАИД, а во реализација на граѓанското здружение, Граѓански центар за оддржлив развој ЕГРИ и со поддршка на Општина Крива Паланка.
Проектот „Мои пари, моја одговорност“ има за цел активно вклучување на граѓаните и организациите во процесот на донесување на буџетот на општината, зголемување на свеста на локалното население за влијанието на трошењето на општинските пари врз квалитетот на животот во заедницата, како и зголемување на кредибилитетот и ефикасноста на одлуките на локалните власти во врска со трошењето на јавните пари и подигање на свеста за потребата од транспарентност во врска со тоа.
На денешниот настан учествуваа претставници од локалната самоуправа, јавните установи, претставници од граѓанските здруженија, бизнис секторот, медиумите и останати чинители од локалната заедница, пред кои беше презентирано значењето на патиципативното буџетирање, начините и формите на партиципација, како и потребите од патиципативното буџетирање.
Презентер на денешниот јавен настан беше универзитетскиот професор Борче Треноски.