Отворена е изложба на фотографии „По трагите на Св.Кирил и Методиј“

Во рамки на одбележувањето на Денот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј, во НУ Центар за култура Крива Паланка, отворена е изложба на фотографии „По трагите на Св.Кирил и Методиј“, дела од авторот Павол Демеш од Братислава, Република Словачка.

Фотографиите се создадени во период од три години  при посетите на местата поврзани со животот и дејноста на словенските просветители, поради што изложбата претставува една фотографска биографија на Св. Кирил и Методиј.

Изложбата  беше отворена од страна на амбасадорот на Словачка во РС Македонија, Н.Е. Хенрик Маркуш.

Големина на фонт
Контраст