Успешно e реализирана и последната реонска еколошка акција „Општина без смет за поубав свет“ овој пат на улицата „8-ми Октомври“ и дел од руралната населба „Дурачка Река“. Во акцијата се вклучија над педесетина лица кои спроведоа собирање на отпадот од околината на: СОУ „Ѓорче Петров“, домот за ученици „Боро Менков“, катчето за одмор покрај Дурачка Река, кај кошот во н. Маневци, потоа покрај патот до школото во с.Дурачка Река, како и покрај патот за стара трафостаница и улицата „Калин Камен“.
Во оваа акција се собраа 5м3 на разновиден отпад.
Вработените на јавното претпријатие Комуналец и овој пат активно се вклучија во акцијата .
Еколошката акцијата „Општина без смет за поубав свет“ успешно се реализираше во сите урбани населби. Ова беше последната акција во урбано подрачје, а ќе продолжи со реализација во атарите на некои од руралните населби.
Останува граѓаните да ја чуваат чиста околината, а онаму каде што има потреба од поставување на садови за отпад истите да ги побараат од јавното претпријатие Комуналец.