Поставена нова спортска опрема и реквизити  на игралиштето од  ученичкиот дом Боро Менков во Крива Паланка

Нови спортски реквизити и опрема за забавно- рекреативниот терен,  денес беа поставени на игралиштето при домот за ученици Боро Менков од Крива Паланка.

Оваа активност е дел од проектот „Спорт за сите” кој здружението за унапредување на меѓусебна доверба ТАКТ од Скопје го реализира во соработка со Општина Крива Паланка и локалното партнерство „Спорот за развој”, а со финансиска поддршка од Германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ.

– Во рамките на овој проект, заедно со локалната мрежа „Спорт за развој”, со  поддршката на локалната самоуправа на општина Крива Паланка и ЈП Комуналец, денес  реализиравме активност во насока на пружање подобри услови и инклузија на маргинализирани млади луѓе од заедницата, конкретно, дечињата кои престојуваат во ученичкиот дом Боро Менков, а доаѓаат од руралните средини од целата територија на општината.  Ова е активност за уредување на спортскиот терен во комплексот на домот, каде затекнавме слика на оштетени и од забот на времето дотраени реквизити.  

Покрај нови кошеви, стативи и кош за лица со попреченост, поставивме нови клацкалки и лулашки, ги разубавиме и ѕидовите со графити, ги обоиме клупите, клацкалките и целиот терен за игра, а Општината ќе изработи пристап за лица со посебни потреби, изјави Магдалена Спасовска, извршна директорка на ТАКТ.

Денешната активност е  само увертира во низата јавни настани, со кои освен промоција на идејата -спорт за сите, ќе се претстават и можностите кои програмата спорт за развој ги нуди на младите, со мото дека спортот обединува.

 

Големина на фонт
Контраст