Младите пијанисти од Крива Паланка лауреати на „Пијанофест 2019″

Младите пијанисти од Крива Паланка, седумгодишниот Матеј Георгиевски и петгодишната Меглена Георгиевска ја освоија специјалната, прва награда со освоени 100 поени и ја понесоа титулата лауреати во нивната категорија на Меѓународниот натпревар во пијано „Пијанофест 2019″.

Натпреварот траеше од 7 до 9 јуни, се одржа во Завод и музеј на Битола, а натпреварувачите  музицираа и интерпретираа на пијаното „Безендорфер” кое важи за едно од најдобрите концертни пијана во нашата држава. Околу 80 натпреварувачи од Албанија, Бугарија, Косово и од нашата земја се натпреваруваа во неколку категории и тоа: пет категории во пијано соло, три категории пијано дуо и две категории пијано теоретичари.

На овој Меѓународен натпревар по пијано кандидатите ги оценуваше комисија составена од врвни пијанисти и професори: Елена Дикова од Бугарија, Надежда Породини Јоле од Албанија и Јана Четелева Белевска од РС Македонија.

– Матеј и Меглена се успешни во текот на целата година, со освоени бројни први награди, гран-при награди и високи признанија и медали од реномирани меѓународни фестивали за класична музика, а овојпат успеаја во силна конкуренција да ја понесат и титулата лауреати. Дуото Георгиевски работи со љубов, двете дечиња се исклучително талентирани, но и посветени, дисциплинирани и одговорни кон музиката, а и кон задачите што јас како ментор им ги давам. Бројните часови вежбање на пијаното во кои е вложена голема желба, а пред се љубов, се огледаа и во досегашните настапи, но и во настапите на овој натпревар. Особено сум горда што освен диплома и златни медали, моите ученици освоија и парична награда, изјави менторот, професор Лариса Жулина – Митовски.

 

 

Големина на фонт
Контраст