На 8 јуни, во просториите на Владата на РС Македонија, градоначалникот Борјанчо Мицевски го потпиша Договорот за изградба на два патни правци, во с.Трново и с.Голема Црцорија.
Средствата во висина од 20.000.000 денари се обезбедени преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, која се спроведува од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.
Согласно доставената проектна документација, предвидено е:
- Изградба на локален пат во с.Голема Црцорија, делница од асфалт, маала Рупје до маала Баратлици и крак до школо во должина од 3,02 км.
- Изградба на локален пат во с.Трново во должина од 457 м.