Рели „Калин Камен 2019″ – авантура низ Осоговските Планини

Во Крива Паланка се одржа традиционалната манифестација „Џип рели Калин Камен 2019“ во организација на Општина Крива Паланка и Здружението „Офф-роад Осогово“.

Над 150 џипови, шеесетина мотори и останати теренски возила учествува на годинашното издание на релито кое имаше нова рута и дводневна агенда.

Општина Крива Паланка има голем природен потенцијал, можности за авантуристички планински туризам и други видови адреналински спортови, како и голем број културни знаменитости кои се опфатени  со видоизменетата маршрута на релито, вклучувајќи ги во своевиден кружен тек околу градот низ планинските предели.

„Рели Калин Камен” се одржува повеќе од една деценија, досега се одржуваше по повод Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј,  со еднодневна рута.

Годинава е направена нова дводневна агенда што ги поврза бројните локалитети и природни знаменитости на градот, од испосницата на Свети Јоаким Осоговски во селото Градец, преку врвовите Биљино, Чупино Брдо, црквата Св.Петка, тромеѓето на Република Северна Македонија со Бугарија и Србија, во првиот ден, со забава под отворено небо на Калин Камен преку Царев Врв, Костадиница, брана Калиманци, Почивло кај селото Острец и карванско возење до Крива Паланка.

Овој настан е можност Крива Паланка да се вброи во мапата на задолжителни локации за посета за сите љубители на авантура и добра дружба во прекрасниот амбиент на Осоговските Планини.

 

Големина на фонт
Контраст