Општина Крива Паланка започна со реконструкција на локалниот пат Крива Паланка –село Станци во должина од 4.5 км . Овој локален пат преставува еден од најоштетените во Општинa Крива Паланка и веќе долго време преставува проблем за движење на жителите од селата Дурачка Река и Станци како и други жители кои гравитираат кон овој дел од oпштината.
Со проектот се превидува реконструкција и проширување на оштетениот коловоз во должина од 3.6 км со комплетно решавање на одводнувањето како и продолжување на изградба на нов коловоз во должина од 900 метри.
Средствата за проектот се обезбедени од Владата на Р.Македонија преку Државната агенција за патишта. Динамиката на извршување на градежните работи е околу 10 месеци.
Изведувач на граддежните работи е градежната фирма АД „Гранит“ Делчево.