Вчера во Владата на РС Македонија, Општина Крива Паланка и Бирото за регионален развој го потпишаа договорот за реализација на проект „Изградба на канализација за отпадни води за дел од с.Конопница“ во износ од 1.850.000 денари како и договорот за реализација на проект „Изработка на техничка документација за локален патен правец Крива Паланка – Варовиште – Кошари – Б’с“ во износ од 1.000.000 денари.
На свечената церемонија присуствуваа и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, заменик-министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески и директорот на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи.
Средствата се обезбедени од Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа, а одобрените проекти по нивната реализација во голема мерка ќе придонесат за подобрување на условите и квалитетот на живот на населението во руралните населени места.