Општина Крива Паланка заедно со Агенцијата за млади и спорт ги продолжуваат градежните работи околу изградбата на повеќенаменското игралиште. После ископот на темелните ленти извршено е и бетонирање на армирано-бетонските темели. Градежните работи ќе продолжат и во наредниот период согласно динамичкиот план на изградба и временските услови.
Повеќенаменското игралиште е дел од предвидениот спортски комплекс кој опфаќа изградба на спортска сала, со површина од 1350 метри квадратни и капацитет за 500 гледачи, тениско игралиште од 830 метри квадратни и повеќенаменско игралиште од 1230 метри квадратни.