Градоначалникот Алексовски во посета на с.Станци

На 31.10.2011 година, градоначалникот Арсенчо Алексовски  го посети с.Станци  со цел да се запознае со градежните работи кои се одвиваат за реконструкција и изградба на патниот правец Крива Паланка-село Станци. Градоначалникот беше задоволен од динамиката и квалитетот на извршените работи во изминатиот период.

Градежните работи се одвиваат согласно предвидената динамика на изградба и без поголеми проблеми. Изградбата ќе продолжи и во наредниот период согласно динамиката на изведување на работите  и временските прилики.

 

Големина на фонт
Контраст