Делегација од Општина Крива Паланка предводена од градоначалникот Борјанчо Мицевски присуствуваше на прв работен состанок со градоначалникот на Лесковац, др.Горан Цветковиќ.
Во рамки на работната средба беа поставени темелите на соработката помеѓу двете локални самоуправи со тенденција односите да прераснат во силно партнерство и искрено пријателство.
На работната средба, градоначалниците Цветковиќ и Мицевски разменија искуства во однос на локалниот развој и беа разгледани можностите за соработка во однос на првиот повик за проектни предлози во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Србија-Северна Македонија, при што беше констатирано дека двете локални самоуправи ќе настапат со заедничка апликација.
Претставниците на Општината Крива Паланка воедно ги посетија и културните институции во Лесковац: Народниот театар Лесковац и Националниот музеј Лесковац, како и туристичкиот локалитет Вучанка.