Денес во општина Крива Паланка се оддржа работна средба на тимовите за разработка на проектни предлози од општина Крива Паланка и град Лесковец, во рамки на првиот повик од ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Србија-Северна Македонија, на кој Општина Крива Паланка и град Лесковец ќе настапат со заедничка апликација.
Градоначалникот Борјанчо Мицевски им посака срдечно добредојде и пријатни мигови на гостите од Лесковац и воедно посака успешна работа на двата работни тима.
На работната средба, беа разгледувани проектните предлози на двете локални самоуправи и беа договорени конкретните понатамошни чекори и активности во однос на изработката на заедничката проектна апликација.
Покрај денешниот работен состанок, претставниците од град Лесковец имаа можност да ги посетат археолошките и историските поставки во ЛУ Градски музеј како и манастирот „Св.Јоаким Осоговски“ и воедно искажаа голема благодарност и задоволство од гостопримството и конструктивноста на нашиот тим предводен од градоначалникот Мицевски. Гостите беа пријатно изненадени од природните убавини и потенцијалот на Крива Паланка, како и од мирот и спокојот што го нуди манастирскиот комплекс „Св.Јоаким Осоговски“.