Реконструкција на делницата од Крстов Дол кон Добровница

Согласно програмата на Влада на РС Македонија преку инвеститор ЈПДП, во тек се обемни активности за асфалтирање на регионални патни правци, меѓу кои и делницата од Крстов Дол кон Добровница во општина Крива Паланка, на која интензивно се работи со динамика од 200-250 тони вграден асфалт или околу 500-600 метри дневно.

Должината на планираната траса за асфалтирање е 10.4 км со планирана инвестиција од 18.000.000 денари обезбедени средства и со можност за добивање на втора транша на наведените средстава од 7.000.000 денари, или  до вкупна висина од 25.000.000 денари и продолжување на градежните работи до наведениот износ.

Изведувач на работите е Македонија Пат, а надзор над изведените работи врши реномираната фирма Градежен Институт Македонија (ГИМ) од Скопје. Со завршувањето на планираните градежни работи, населението од овој дел на општината ќе добие современ асфалтен пат.

 

Големина на фонт
Контраст