Здружението за унапредување на меѓусебна доверба ТАКТ, со локалните партнери „Спорот за развој” и во соработка со Општина Крива Паланка, денес ја реализираше активноста за разубавување и опремување на урбана локација за спорт за развој во домот за ученици „Боро Менков“.
Германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ е донатор на овие активности, преку кои ТАКТ и локалното партнерство од општина Крива Паланка тековно реализираат повеќе активности во општината.
Во рамки на проектот „Спорт за социјално вклучување во заедницата“ предвидени се повеќе активности во општината, а кои се во насока на заедничка работа во областа на развој на спортот и потребните активности од програмата „Спорот за развој”.
Конкретно денес се реализираше заедничка активност за опремување со спортски реквизити, како и разубавување на внатрешноста на фитнес салата и занималната во домот за ученици „Боро Менков“, кои се на располагање на сите партнери во мрежата, за сите тековни и идни активности.