Се уредува минор коритото на Крива Река

Деновиве во oпштина Крива Паланка започнаа активностите за доуредување на дел од речното корито во рамки на проектот „Изградба на регулација на минор корито на Крива Река –трет дел во должина од 300 м“.

Се работи за потег од т.н. Љиљаков мост узводно кон т.н. Осички мост, каде ќе биде изградено минор коритото што понатаму ќе овозможи и партерно уредување на мајор коритото со предвидените содржини.

Напоредно на ова Општината аплицира и за средства за уредување на минор коритото по течението на Крива Река од Градскиот зелен пазар до населба Бегови Бавчи.

Започнати се и активности за уредување и поплочување на неколку јавни локации, улици и пристапни патеки, кои ќе се интензивираат во деновите после претстојните празници.

 

 

 

 

Големина на фонт
Контраст