Во рамките на официјалниот календар на натпревари на Карате Федерацијата на Македонија за 2019 година и Светската Карате Федерација, Карате клубот Шампион од Крива Паланка на 31.08.2019 година во спортската сала Крсте Петков Мисирков во Скопје во населба Ченто настапи на Изборниот турнир за кадети, јуниори и јунуиори до 21 година со двајца свои натпреварувачи.
Натпреварот беше критериумски за избор на државната репрезентација која треба да настапи на Светското првенство за кадети, јуниори и јунуиори до 21 година кое треба да се одржи во Сантијаго, Чиле од 23-27 октомври оваа година. Во категорија кадетки до 54 килограми Јована Мицовска со извојувани 3 победи го освои првото место на овој натпревар. Вредно е да се спомне дека на патот до првото место во финалето беше победен и актуелниот државен првак во оваа категорија со што Јована Мицовска докажа дека е најквалитетна натпреварувачка во оваа категорија. Забележителен добар настап имаше и втората наша натпреварувачка Горана Симонова, но за жал не успеа да освои медал на овој изборен турнир.
Со оглед дека сме на почеток на вториот дел од натпреварувачката 2019 година и дека во текот на летниот период нашите натпреварувачи не одмараа туку вредно ја темпираа својата форма, очекуваме добар настап и од другите наши натпреварувачи на престојните натпревари .