Започна учебната 2019/2020 година. Во училишните клупи во двете општински основни училишта Јоаким Крчовски и Илинден и едното средно општинско училиште Ѓорче Петров во општина Крива Паланка седнаа околу 2200 ученици.
За прв пат училишното ѕвоно означи почеток на образованието и за 153 првачиња. Тие денеска се запознаа со нивните наставници и новите другарчиња со кои ќе го делат знаењето во наредните девет години. Првачињата свечено беа пречекани од страна на вработените во училиштата, беа поздравени од директорите на училиштата, а големо Среќно добредојде им посака и градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски кој за среќен почеток на првачињаета им поради скромни подароци со училишен прибор.
Со сценско-музички настап од поголемите учениците, беше збогатена свеченоста, кои исто така им посакаа топол и среќен почеток во учебната година на своите другарчиња првачиња.