Школски прибор за младите франкофони од учесниците на Europ’Raid

На 3.9.2019 година, во просториите на ООУ „Јоаким Крчовски”- Крива Паланка, на младите франкофони- учесници на музичкиот хепенинг организиран по повод Europ’Raid во нашиот град, им беа поделени училишни прибори и материјали од страна на градоначалникот на oпштина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, директорот на ООУ „Јоаким Крчовски”, Дане Петровски и нивната професорка по француски јазик, Елена Николовска.

Младите франкофони беа пофалени и охрабрени од градоначалникот, со цел и понатаму да го изучуваат и усовршуваат францускиот јазик како достојни франкофони. Благодарение на нив, на нивните знаења, труд и работа, беше донирана училишна и спортска опрема, која ќе биде дистрибуирана на оние ученици на кои им е најпотребна.

Во текот на наредниот период, донацијата ќе биде дистрибуирана во подрачните училишта, на учениците од ранливите категории, а дел во Центарот за лица со интелектуална попреченост, ОО Црвен крст и ученичкиот дом „Боро Менков”.

Општина Крива Паланка  поради својата активна соработка во областа на Франкофонијата  доби донација од  училишен прибор, материјали, нагледни средства и спортска опрема од учесниците на  првата авантуристичка турнеја на солидарност на францускиот караван „Europ’Raid 2019“.

Големина на фонт
Контраст