Започна спроведување на Проектот „Цело е кога има се“

Седум образовни асистенти за дечиња со посебни потреби од денес ќе се вклучат во основните училишта во Крива Паланка , во рамки на проектот „Цело е кога има се”,  дел од програмата за општинско – корисна работа поддржан од УНДП, Агенција за вработување на Република Северна Македонија, Министерство за труд и социјална политика и Општина Крива Паланка.

-По четврти пат нашата општина го реализира проектот кој годинава ќе ангажира образовни асистенти за помош при наставата на деца со одредена попреченост, вклучени во редовниот процес на образование, четири негователи ќе пружаат нега и грижа на стари и изнемоштени лица во руралните средини и едно лице  масер-терапевт кое ќе пружа услуги на корисниците кои имаат потреба од релаксирачка масажа, а сето ова е овозможено од УНДП и благодарение на добрата волја на градоначалникот, одобрени се дополнителни средства од општинскиот буџет, за да се реализираат сите предвидени активности, изјави Елена Христовска, координатор на проектот.

Градоначалникот Борјанчо Мицевски им врачи договори на ангажираните 12 лица и порача дека напорите на надлежните се низ годините оваа бројка на образовни асистенти да се зголемува и сите Лица кои имаат потреба од нив да можат да ги користат услугите.

-Ова е проект кој има голема хумана димензија, на мое задоволство од буџетот на општината издвоени се средства за проектот, од граѓаните за граѓаните, а се надевам и дека со најновите најави од Министерството за труд и социјална политика ќе бидат вложени околу десет милиони евра во целата држава, за да, ако може, на овие работни места лицата бидат вработени и дечињата да имаат достап до услуги 24 часа, изјави градоначалникот на општина Крива Паланка, Мицевски.

Рече, резултатите од досегашните три фази на проектот се одлични, позитивни се реакциите и од родителите, и од корисниците, но и од одговорните во институциите.

Проектот дополнително е инклузивен, со вклучувањето на лицето физиотерапевт масер, лице со 100- процентна оштетеност на видот.

Партнери во проектот се основните училишта „Илинден” и „Јоаким Крчовски”, како и Црвениот крст за негователите.

Големина на фонт
Контраст