Крива Паланка наскоро ќе добие Градска капела

Во финална фаза се градежните активности на  Градската капела во Крива Паланка. Објектот се наоѓа на новите градски гробишта во с.Конопница и е опремен по сите стандарди за погребални услуги. Уредувањето на комората и помошните простории е во завршна фаза и се работи на детали околу пристап до самиот објект.
Напоредно на тоа Општина Крива Паланка изработи и нов проект за сообраќајната инфраструктура до овој локалитет. Вредноста на инвестицијата е 460.000 евра.  Проектот е аплициран и наскоро се очекуваат информации за финансирањето и решавањето на проблемот со пристапот до локацијата.

 
 
 
Големина на фонт
Контраст