Положено свежо цвеќе во чест на Денот на независноста

Во чест на 8 Септември, Денот нa независноста на Република Северна Македонија, делегација од Општина Крива Паланка, предводена од градоначалникот Борјанчо Мицевски, положи свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци пред зградата на Општината.

Цвеќе положија и делегација на Советот на општината, предводена од претседателот Изабела Павловска, делегации од политичките партии, локалните институции, Сојузот на борци  и останати граѓани.

Големина на фонт
Контраст