Надополнет возниот парк на ЈП „Комуналец” од Крива Паланка

Возниот парк на ЈП „Комуналец” од Крива Паланка  е надополнет со уште едно возило за собирање смет, донација на амбасадата на Јапонија во Република Северна Македонија.

Станува збор за донација во висина од околу шеесет илјади евра, а возилото е снабдено од фирмата Градатин, Хрватска компанија со претставништво во Скопје. Истото е марка Мицубиши Фусо кантер, шесткубичко, со можност за собирање смет од корпи од 120 и 240 литри и контејнери.

Градоначалникот Мицевски упати благодарност до амбасадата на Јапонија и сите кои помогнаа во овој процес за почиста Крива Паланка.

Со оваа донација ЈП „Комуналец” добива значајна придобивка и олеснување на работењето на претпријатието, со што се надевам дека покрај зголемувањето на техничката опременост на претпријатието ќе се зголеми и еколошката свест на граѓаните и ќе се подобри комплетно еколошката слика за градот, во оваа прилика изјави градоначалникот Мицевски.

Директорот на ЈП „Комуналец” Миле Марковски, истакна дека со набавката  на ова ново возило за собирање на смет се олеснува управувањето со цврст отпад, како и подобрување на квалитетот на животот со почиста животна средина.

Големина на фонт
Контраст