Здружението „Спасител“ започна со реализација на проектни активности со поддршка на Општина Крива Паланка

Здружението, Службата за спасување и помош „Спасител“ започна со реализација на активностите од проектот „Биди свој“, кој е финансиски поддржан од Општина Крива Паланка со средства наменети за поддршка на здруженија и фондации од буџетот на општината.

Согласно планот за имплементација на проектот „Биди свој”, експертот за национална сигурност, м-р Велин Стојановски пред присутните и членовите на Службата за спасување и помош „Спасител“ ги презентираше основните цели, како и принципите на работа и екипираност на службата.

Како што рече Стојановски, основна цел на рализација на активностите на здружението „Спасител“, е со својот ангажман да допринесе за подигнување на културата на живеење во урбаните и руралните средини, во општината и регионот, како и преку помошта на ова здружение и нивните активности, да се помогне во опстојувањето на личностите како индивидуи во достигнување  на нивни потполни психофизички, интелектуални, духовни можности како поединеци  и одговорни граѓани, без разлика на нивното место на живеење.

Во рамките на овој проект се предвидени и низа други активности, како што се едукативни раговори, семинари, презентации и други форми на формално и неформално наобразување и за помош и подддршка во насока на правилниот и здрав развојот на личностите во урбаните и руралните средини: 

Градоначалникот Борјанчо Мицевски, кој беше присутен на настанот на Службата за спасување и помош „Спасител“, ги поздрави активностите и заложбите на здружението и во таа прилика изјави:

-Чест и задоволсто ми е што денес присуствувам на овој настан. Здружението Спасител се состои од искусни професионалци, лица од медицината, лица од армијата, лица од полицијата, кои се ставаат на услуга на општеството. Ме радува што покрај искуството во Службата за спасување и помош „Спасител“ има доста млади и ова здружение представува спој на искуство, професионализам, посветеност и енергија. Општината препозна квалитет и нешто ново и несекојдневно во планираните активности на здружението и затоа денеска сме тука, да го поздравиме и поддржиме овој настан со европски вредности и белези.

 

Големина на фонт
Контраст