Денес со почеток во 12.00 часот во училишната спортска сала на ООУ „Илинден“ се одржа втората спортска активност на пријателски натпревар во фудбал (машки) и кошарка (женски) помеѓу ученици од ООУ „Илинден“ и ООУ „Јоаким Крчовски“ со што општина Крива Паланка во соработка со Агенцијата за млади и спорт го одбележаа завршниот настан на Европската недела на спорт, насловен со предизвикот #BeActive.
Целта на проектот е спорт за сите возрасни категории, на сите места и во секакви услови. Крајниот ефект како што истакнаа организаторите е остварување на идеите на Европската недела на спортот – придобивките од активностите во текот на спортската недела да имаат траен ефект, односно да останат во навиките на секој поединец.