Прием за театарската екипа од Хрватска

Градоначалникот Борјанчо Мицевски денес во својот кабинет ја прими театарската екипа од Градскиот  театар  „Јоза Ивакиќ“ од Винковци,  Храватска, со чиј настап вечерва со почеток од 20.00 часот во салата на НУ Центар за култура во Крива Паланка,  ќе започне овогодинешното 11-то по ред издание на Меѓународниот  театарски фестивал  „Свети Јоаким Осоговски“.

Годинава на Фестивалот ќе бидат изведени осум претстави со театри од Македонија, Србија, Хрватска и Бугарија, а фестиваласката програма ќе биде збогатена со  промоција на книга од овогодинешниот лауреат  Коле Ангеловски, како и промоција на драма од Трајчо Кацаров  и есеј на Гоце Ристовски кои третираат  теми од областа на театарската уметност .

И  годинава  се очекуваат повеќе интересни претстави и атрактивни актери од Македонија, Србија, Бугарија и Хрватска да го привлечат вниманието на кривопаланечката публика, која со нетрпение го очекува новото фестивалско издание.

Фестивалот започнува вечерва и ќе трае до 8- ми октомври.

Големина на фонт
Контраст