Aктерите од Градскиот театар „Јоза Ивакиќ“ од Винковци, Република Хрватска, синоќа настапија пред кривопаланечката публика со претставата „Љубаф“, со што и официјално го отворија 11-то издание на театарскиот фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка.
Претставата „Љубаф“ од Мјури Шисгал е во режија на Горан Рибариќ, а во изведба на актерската екипа од Винковци и тоа: Матеа Муришиќ, Доријан Паулиќ, Дејан Фајфер и Владимир Андриќ, наиде на извонреден прием од публиката.
На гостите од Винковци, Р.Хрватска, градоначалникот Борјанчо Мицевски им врачи плакета за учество на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“, а тие се заблагодарија за поканата и долгогодишното пријателство, големото гостопримството на општина Крива Паланка и кривопалнчани воопшто.
Вечерва, со почеток во 20 часот, настапува народниот театар од Лесковац Р. Србија со претставата „Половњачи“од Лик Хибнер.